Во Египет се одржува Светското кадетско првенство во машка конкуренција, на кое дефилираат дел од идните ракометни ѕвезди.
Еден од нив е репрезентативецот на Германија, Линус Шмид, кој ги поседува сите предиспозиции за да стане врвен ракометар. По завршувањето на кадетскиот Мундијал, сосема извесно е дека ќе биде на радарот на силните бундеслигаши.
Моментално настапува за Филдер, клуб кој се натпреварува во третата лига на Германија, но прогнозите се дека наскоро би можел да тргне по патот на Ренарс Усчинс, Давид Море, Нилс Лихтлајн, па и на Марко Гргиќ…
Бекот е познат по својата одлична игра еден на еден, прецизниот шут од далечина и брзината во транзиција. Иако има само 17 години, впечатливи се неговата физичка подготвеност и борбеноста во играта, што го прават голема закана за секоја одбрана.
На натпреварот против Фарски Острови, кој заврши нерешено (28-28), Шмид постигна пет погодоци, додека на дуелот против Уругвај четири пати се запиша во листата на стрелците.