Начевски и Николов ќе го судат финалето на елитниот турнир во Добој

259

Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, и оваа година е дел од најстариот турнир на Балканот – ТВ турнирот на шампионите во Добој (БиХ).

Организаторот им ја довери честа да го судат финалето на турнирот, а пред тоа ќе имаат уште една задача – да ја делат правдата на дуелот меѓу Веспрем и Ал Ахли.

Овој натпревар е закажан за вечерва од 20:00 часот, додека финалето ќе се игра утре, во ист термин.

Утре, пред финалето, ќе се одиграат и натпреварите за пласман. Учесници на годинешното издание на елитниот турнир, покрај Веспрем, Ал Ахли и домаќинот Слога Добој, се и Кил, Гумерзбах и Бешикташ.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT