Велес доби нов ракометен клуб

258

Иако со згаснувањето на Борец ФЛ постоеше опасност Велес целосно да остане без ракомет, тоа сепак нема да се случи.

Градот, кој некогаш важеше за еден од ракометните центри во Македонија, доби нов клуб во името на РК Гемиџии Спорт 2025.

Овој нов проект е предводен од младите тренери Сашко Радевски и Никола Василев, а тренинзите се реализираат на три локации.

Главната селекција работи во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“, додека најмладите категории тренираат во салите на ООУ „Панко Брашнаров“ и ООУ „Васил Главинов“.

Во својата дебитантска сезона, клубот ќе настапува во пионерската лига, каде што веднаш ќе има и градско дерби, бидејќи во истата група ќе биде и РК Бисинов.

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT