Македонската интернационалка Симна Василева, која во вториот дел од изминатата сезона настапуваше во Грција, се враќа во БиХ, каде што повторно ќе го носи дресот на Груде.
Василева откако го напушти Груде, клуб кој и беше прв интернационален предизвик во кариерата, настапуваше за грчкиот Атинаикос и беше меѓу најзаслужните за обезбедениот влез на клубот во најсилната грчка лига.
Македонката може да одигра на сите бековски позиции, а на домашна сцена беше дел од екипите на Ѓорче Петров, Вардар, Спартак и Металург. Со Ѓорче Петров освои две домашни титули, во сезона 2021/22 и 2022/23.
Во БиХ настапува и Ангела Костовиќ, која го носи дресот на Краина Чазин.