Екс репрезентативец на Бразил потпиша за Младост Богданци

157

Прволигашот Младост Богданци, кој во новата сезона ќе влезе со аспирации за кам-бек во елитата, во своите редови донесе пивот од Бразил.

Откако трансферот со Белорусинот Никита Соколов, не се реализираше, раководството на клубот беше во потрага по нов пивот.

Станува збор за Жоао Габриел Диас Гекас, поранешен младински репрезентативец на Бразил. 23-годишниот ракометар со големо искуство доаѓа од бразилската лига од тимот на Сао Каетано каде беше еден од најдобрите играчи минатата сезона во бразилската лига.

Младост Богданци во новата сезона ќе биде предводен од искусниот Горан Андоновски, а клубот го засилија играчи со суперлигашко искуство – Кристијан Костадиновски, Даниел Андоновски, Гоце Аргиров, Никола Димитров, Зоран Стојановски и Лазар Адамовиќ.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT