Македонско тренерска средба во Словенија

326

Тимот на Алкалоид ја продолжи победничката серија во подготвителниот период, откако беше подобар и од актуелниот шампион на Словенија, Слован Љубљана.

На првиот меч на меморијалниот турнир во чест на Јоже Шилч во Љубљана, македонскиот тим триумфираше со 31:30, а на пауза избраниците на Кире Лазаров имаа негатива од 18:14.

Играчите на Алкалоид добија поддршка и од поранешниот играч на Тиквеш, Александар Темелковски, кој од 2018 година успешно гради тренерска кариера во Словенија.

По натпреварот Темелковски се сретна со легендарниот Кирил Лазаров честитајќи му за извојуваната победа, по што ја овековечија и средбата со заедничка фотографија.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT