Петар Ангелов Диви го држи рекордот со најмногу одбрани на еден меч

931

Поранешниот македонски репрезентативец, Петар Ангелов, и по 18 години останува неприкосновен рекордер во најквалитетното натпреварување во Франција.

Според официјалната статистика на француската лига, во 2007 година, во дуелот меѓу Трембле и Париз, популарниот Диви остварил 28 одбрани.

Токму Македонецот со неверојатната партија меѓу стативите беше најзаслужен за победата на Трембле од 30-24.

Од тогаш, никој во Франција не успеал да го надмине овој импресивен рекорд, па тамошните медиуми денес ја потенцираат единственоста на овој подвиг и се прашуваат дали во сезоната 2025/26 ќе има голман кој ќе може да го достигне рекордот на Диви.

Иако статистиката се однесува само на Франција, шансите некој да го достигне овој рекорд во наредните сезони, дури и на светско ниво, се многу мали.

Голманот на Алкалоид, Марко Кизиќ, во сезона 2023/24 кога настапуваше за Еурофарм Пелистер, против Голден Арт собра 25 топки.

На интернационална сцена, Ангелов освен за Трембле, бранеше и за Анталија (Турција), германскиот Ратинген и Кремс од Австрија.

Во Македонија беше дел од Металург, Вардар, Тиквеш, Пелистер, Пролет и Вардар Неготино.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT