Милано со нов предизвик – ќе води тим од САД

201

Аргентинецот Гиљермо Милано, кој минатата сезона беше предводник на македонскиот вицепрвак Вардар и кој требаше да продолжи уште една сезона во редовите на скопскиот тим, има нов предизвик во својата кариера.

Милано ќе биде новиот тренер на Калифорнија Иглс, тим кој ќе настапи на Светското клупско првенство во Каиро. Клубот од САД пласманот на ова натпреварување го обезбеди под водство на шпанскиот стратег Даниел Гордо.

Раководството на клубот и Гордо мораа да ја прекинат соработката, бидејќи Шпанецот има обврски со својот тим Адемар Леон, па затоа беше одлучено неговата замена да биде токму поранешниот тренер на Вардар.

Калифорнија Иглс во групната фаза на Светското клупско првенство ќе игра против бундеслигашот Магдебург и против Шарџа од Обединетите Арапски Емирати.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT