Денеска се одиграа двата полуфинални натпревари на меморијалниот турнир Андреј Грковски – Тафта, во организација на ТФТ. Домаќинот обезбеди место во финалето, откако беше подобар од Кожув со 78:72. За разлика од вториот полуфинален натпревар, на првиот можевме да видиме голема неизвесност, посебно во финишот. Иако тимот од Гевгелија имаше шанса да победи, сепак, домашната екипа беше повеќе пофокусирана во клучните моменти. Ривал на ТФТ во финалето ќе биде МЗТ Скопје, кој убедливо го доби дуелот против Работнички со 63:40.
Натпреварот за трето место меѓу Работнички и Кожув е закажан за 16:00 часот, додека финалето меѓу ТФТ и МЗТ Скопје ќе се одигра со почеток од 19:00 часот.