Димитријевиќ со одлично деби за Зенит

122

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ денеска го имаше своето деби за Зенит. Рускиот тим во рамките на подготвителната фаза за новата сезона настапува на турнир во Анталија, Турција, и на првиот натпревар славеше против Мерсин со 84-82.

Димитријевиќ имаше одличен настап – запиша 13 поени, додаде 10 асистенции, имаше 5 скока и една украдена топка, оставајќи силен впечаток уште на стартот на својата руска авантура.

Македонецот во Зенит ќе остане најмалку две сезони, а во рускиот тим пристигна од Олимпија Милано.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT