Нов Црногорец во Тиквеш

351

Екс членот на Охрид, Балша Чејовиќ, кој во сезоната 2022/23 настапуваше за „гладијаторите“, ќе го носи дресот на Тиквеш.

Црногорското десно крило ги задоволи критериумите на раководството на кавадаречкиот клуб, па по добрите настапи на турнирите во Струга и Прилеп беше донесена одлука да остане во тимот на тренерот Грчевски.

Чејовиќ во Македонија направи кам-бек од Слобода Тузла, а во својата кариера настапуваше и за Морнар Бар, ПАОК, Диомидис Аргус и шпански Бенидорм.

Тој веќе дебитираше за Тиквеш во првото суперлигашко коло против Пролет. Во Тиквеш настапуваат неговите сонародници – Василије Печурица и Богдан Мијушковиќ.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT