Деветка за Фехми, седумка за Пецаковски – победнички старт за Еурофарм Пелистер 2

313

Денеска со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Пролет започна новата сезона во младинската машка лига, во која бранител на титулата е тимот на Мулти Есенс.

Еурофарм Пелистер 2 пред својата публика славеше над скопскиот тим со 31:28. Пролет имаше шанса за кам-бек во последните пет минути, но домашниот тим не дозовли да направи од готово-вересија.

Уште од самиот старт, избраниците на Димитровски и Силјанов ја имаа предноста, на полувреме заминаа со плус седум (18:11), а во вторите 30 минути Пролет на моменти се закануваше, намали на минус два на пет минути пред крајот, при негатива од 28:26, гостите не реализираа за минус еден, голманот Младенов одбрани, па во последните три минути домаќините одиграа целосно фокусирано за победнички старт.

Први стрелци во победничката екипа беа Алдин Фехми со девет и Томче Пецаковски со седум погодоци, а пет додаде Александар Славков. Голманите Мелим Фехми и Иван Младенов искомбинираа осум одбрани.

Кај Пролет се истакнаа Лука Јовиќ со девет и Трајче Костов со пет погодоци, додека Горазд Дамчевски и Давор Крстески реализираа по четири, односно три.

Машка младинска лига, 1. коло, резултати:

Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 31:28 (18:11)
20/09, 14:00, Вардар – Куманово
21/09, 12:00, Бутел Скопје – Мулти Есенс
21/09, 12:00, Еурофарм Пелистер – Алкалоид
24/09, 20:00, Вардар Неготино – Тиквеш 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT