Пионерите на Македонија Ѓорче Петеов во рамки од 3. коло од пионерската лига славеа на свој терен против новиот клуб, Гемиџии од Велес, со пет гола разлика, 30:25 (14:8).
Тимот предводен од Драган Трајковски и Драган Мирков во текот на целиот натпревар беше во предност и заслужено се радуваше на втората сезонска победа.
Победничката екипа беше предводена од Јаков Атанасовски со девет и Владимир Иванов со осум погодоци, шест постигна Димитар Трајковски, четири реализации имаше Нино Ристовски, а Матеј Стојановски погоди три пати.
Кај Гемиџи, најефикасни беа Симон Бобевски со осум и Петар Петровски со седум погодоци.
Пионерска машка лига, 3. коло, резултати:
Група А
Пролет – Мулти Есенс 16:28 (8:15)
Вардар – Еурофарм Пелистер 21:12 (10:5)
Охрид – Прилеп 27:19 (15:6)
06/10, 19:00, Струга – Донг
Група Б
Македонија Ѓорче Петров – Гемиџии 30:25 (14:8)
Еурофарм Пелистер 2 – Шампион 33:8 (15:3)
04/10, 18:00, Алкалоид – Тиквеш
05/10, 12:00, Радовиш – Куманово