Илинден Вардар се израдува на втора победа, шампионот без проблеми во Штип

284

Денеска се комплетираше 3. коло во Женската пионерска лига.

Илинден Вардар ја оствари втората сезонска победа, совладувајќи го Спартак со 23:14. Победничката екипа беше предводена од Јована Митревски со седум погодоци, пет додаде Андреа Велковска, а по четири имаа Јована Костова и Јана Миленковска.
Кај поразените, најпрецизна беше Катарина Ракиќ со осум реализации.

Јехона на свој терен ја запиша првата сезонска победа, откако беше подобра од Шампион со 18:11, а домашниот тим во победата беше предводен од Монера Муслију и Бленда Абдулаји со седум, односно шест погодоци.

Актуелниот шампион Ѓорче Петров на гостувањето во Штип кај Астибо одигра според планот и дојде до убедлива победа од 31:16.

Ивана Глогуновска ја предводеше листата на стрелци во гостинскиот табор со осум погодоци, еден помалку постигна Деспина Станковска, а Теа Петрушевска и Клара Филимановски имаа по шест. Прво име во редовите на Астибо беше Ана Марија Накова со девет погодоци.

Исто како и шампионот, Металург Автокоманда остана на 100% учинок – без многу проблеми славеше над Кале Кичево со 33:16. Евгенија Смиљковска, МВП на минатогодишниот пионерски Ф4, реализира осум погодоци за домашниот тим, додека кај гостинките се истакна Ана Марија Стојовска со пет.

Вардарки, предводени од Варвара Атанасовска (7 погодоци), славеа на гостувањето кај Охрид со 18:11. Со оваа победа, Вардар има „три од три“ во досегашниот тек од сезоната.

Чаир на свој терен со пресврт во вториот дел ја совлада Струга со 16:14.

Пионерска женска лига, 3. коло, резултати:
Охрид – Вардар 11:18 (7:13)
Вардар Илинден – Спартак 23:14 (10:6)
Јехона – Шампион 18:11 (6:4)
Aстибо – Ѓорче Петров 16:31 (8:17)
Чаир – Струга 16:14 (7:8)
Металург Автокоманда – Кале Кичево 33:16 (17:10)

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT