Кадетскиот тим на Овче Поле на свој терен беше подобар од Текстилец со 28:25 (15:13) во натпревар од 4. коло од кадетската лига.
Домашниот состав уште од самиот почеток ја имаше контролата нa резултатот, а Текстилец во ниту еден момент не успеа да поведе или да израмни.
Победничката екипа ја предводеше Стефан Паневски со десет погодоци, Давид Ристов запиша пет, а Алексеј Петров додаде четири.
Во редовите на гостите, најефикасен беше Христијан Харизанов со 11 погодоци.
Група А
Радовиш – Младост Богданци 21:30 (9:18)
Илинден Вардар – Вардар 25:28 (12:12)
Овче Поле – Текстилец 28:25 (15:13)
06/10, 16:00, Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2
Група Б
Алкалоид – Македонија Ѓорче Петров 39:40 (19:18)
Еурофарм Пелистер – Охрид 36:26 (17:12)
Пролет – Струга – одлож.
06/10, 18:30, Преспа – Прилеп
Мирков и Кузевски блескаа – младите „лавови“ го изненадија Алкалоид