Прилепските кадети ја добија драмата со Преспа, Мулти Есенс славеше над Еурофарм Пелистер 2

515

Денеска со три натпревари се комлетираше 4. коло во кадетската лига во машка конкуренција, а на победа се израдуваа екипите на Прилеп, Мулти Есенс и Пролет.

Прилепчани триумфираа на гостувањето во Ресен кај Преспа со 26:25, а домаќините можат да жалат за пропуштената шанса барем за бод, бидејќи на дваесетина секунди пред крајот имаа пенал, но не успеаја да реализираат.

Предводник во победата на Прилеп беше голманот Дамјан Талески, кој натпреварот го заврши со 20 интервенции. Во нападот на Прилеп, Дамјан Јованоски постигна девет погодоци, додека пет додаде Божидар Тодороски. Кај домашниот состав најефикасен беше Благоја Јончевски со осум погодоци.

За Прилеп ова беше трета сезонска победа, а Преспа останува без бод во досегашниот тек од сезоната.

За Прилеп ова беше трета сезонска победа, додека Преспа останува без освоен бод во досегашниот тек на сезоната. Мулти Есенс, пак, со победата над Еурофарм Пелистер 2 од 35:32 го задржа максималниот ефект.

Предводници во победата на домашниот тим беа стружанитр Јован Петрески со седум и Ангел Клековски со пет погодоци. Свое шоу на теренот имаше ракометарот на гостите Андреј Дамчевски, кој постигна дури 14 погодоци – недоволни за поволен резултат на неговиот тим.

Група А
Радовиш – Младост Богданци 21:30 (9:18)
Илинден Вардар – Вардар 25:28 (12:12)
Овче Поле – Текстилец 28:25 (15:13)
Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2 35:32 (18:16)

Група Б
Алкалоид – Македонија Ѓорче Петров 39:40 (19:18)
Еурофарм Пелистер – Охрид 36:26 (17:12)
Преспа – Прилеп 25:26 (16:14)
Пролет – Струга 42:27 (17:15)

 

 

Десетка за Паневски, кадетите на Овче Поле славеа против Текстилец

 

 

Мирков и Кузевски блескаа – младите „лавови“ го изненадија Алкалоид

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT