Со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Пролет беше комплетирано 3. коло во младинската лига, а по три одиграни натпревари, две екипи се на максимален учинок – Еурофарм Пелистер 2 и актуелниот бранител на титулата, тимот на Мулти Есенс.
На денешниот дуел ракометарите на Пролет триумфираа со 31:27, а победата ја обезбедија со одлична игра во последните дваесетина минути. Гостите во првото полувреме постигнаа само 11 погодоци, но се разбудија кога беше најпотребно и успеаја од Битола да си заминат со два важни бода.
Најефикасен во победничкиот состав беше Горазд Дамчевски со осум погодоци, по шест постигнаа Лука Јовиќ и Димитар Симовски, а четири додаде Ѓорѓи Лешниковски.
Во редовите на поразениот тим се истакна Стефан Василевски со девет погодоци, додека Павел Велјановски реализираше шест пати.
Младинска машка лига, 3. коло, резултати:
Вардар Неготино – Куманово 19:37 (8:18)
Алкалоид – Мулти Есенс 35:40 (16:22)
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 30:20 (18:7)
Бутел Скопје – Тиквеш 38:32 (19:16)
Еурофарм Пелистер – Пролет 27:31 (14:11)
Младинците на Еурофарм Пелистер 2 убедливи против Вардар, Бутел стигна до прво славје