Три прилепчанки на списокот кај Новеска за ЕХФ неделата

354

Предводничката на женската кадетска репрезентација на Македонија, Даниела Новеска, го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата, во која кадетките ќе одиграат контролни натпревари со младинската репрезентација предводена од Симе Симовски.

На списокот се најдоа 24 ракометарки, а само една од нив е интернационалка – Ема Лазаревска, која настапува за Малме од Шведска.

Останатите репрезентативки доаѓаат од екипите на Вардар, Ѓорче Петров, Металург Автокоманда, Атлетик…и поголемиот дел од нив настапуваа на Европското кадетско првенство во Црна Гора.

Меѓу повиканите се и три девојки од Прилеп – сестрите Ања и Мила Лашкоски, кои настапуваат за Металург Автокоманда, како и Марија Димоска од Ѓорче Петров 2.

Собирот на кадетската репрезентација е закажан за 13 октомври.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT