Екипите на Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер 2 продолжуваат победнички во младинската машка лига и се единствените две екипи кои досега немаат загубено бод.
Бранителот на титулата, Мулти Есенс, на гостувањето кај Куманово стигна до убедлив триумф од 33:23 (12:14), а најефикасен во победничката екипа беше Дарјан Ѓокески со четири погодоци.
Кај Куманово се истакнаа Тино Стојановски и Мартин Иванов со седум, односно шест погодоци.
Еурофарм Пелистер 2 на гостувањето кај Вардар Неготино постигна 53 гола, играјќи речиси како на тренинг, додека домаќините дадоа само 17. Десното крило Андреј Дамчевски уште еднаш одигра одличен натпревар, постигнувајќи 13 погодоци, по шест имаа Леонид Лозановски и Иван Велески, а по пет пати погодија Алдин Фехми и Александар Славков.
Кај Вардар Неготино се истакна голманот Димитар Дрваров со 17 интервенции, додека Јован Јовановски беше најдобар стрелец со седум погодоци.
Бутел со триумфот кај Вардар од 25:20 (13:8) стигна до втората сезонска победа. Стефан Зенговски со седум погодоци беше предводник во победата на бутелци, додека кај Вардар најефикасен беше Огнен Тасевски со пет реализации.
Младинскиот тим на Алкалоид славеше на гостувањето кај Пролет со 34:23 (19:13) и стигна до втор триумф сезонава. Победничката екипа ја предводеше Теодор Пецаноски со седум погодоци, по пет имаа Максим Гарбески и Андреј Секуловски, а Антонио Наковски и Тодор Аксентиев имаа по четири реализации.
Кај Пролет, Ѓорѓи Лешниковски и Марко Ѓорѓески беа најдобри поединци со по четири погодоци.
4-то коло ќе биде комплетирано со натпреварот меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер. Овој натпревар е на програмата на 14 октомври од 17:30 часот во Кавадарци.
Младинска машка лига, 4. коло, резултати:
Куманово – Мулти Есенс 23:33 (12:14)
Вардар Неготино – Еурофарм Пелистер 2 19:53 (9:27)
Вардар – Бутел Скопје 20:25 (8:13)
Пролет – Алкалоид 23:34 (13:19)
14/10, 15:30, Тиквеш – Еурофарм Пелистер
ТАБЕЛА