Викендов на програмата се натпреварите од 9. коло во Супер лигата, а интересно ќе биде во Кавадарци, каде што Тиквеш ќе биде домаќин на Прилеп, засилен со повратникот, левиот бек Никола Цветаноски.
Двете екипи имаат идентичeн скор во досегашниот тек од сезоната, по три победи и пет порази, па така саботниот дуел е од големо значење за двата табора.
Тиквеш, кој ги заврши европските настaпи по емилинацијата од Бешикташ, во претходното коло славеше над Радовиш, додека Прилеп на свој терен немаше никакви шанси против Охрид.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Прилеп ќе се одигра на 25 октомври во спортската сала „Јасмин“, со почеток од 19:00 часот.