Со натпреварите меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, односно Еурофарм Пелистер 2 и Куманово, беше комплетирано 5. коло во младинската машка лига, а по пет одиграни натпревари, Еурофарм Пелистер 2 и Мулти Есенс остануваат непоразени.
Еурофарм Пелистер славеше против Вардар со 35:32, а до победата дојде откако заигра подобро во вториот дел, бидејќи на полувреме „црвено-црните“ водеа со плус три, 16:13.
Победничката екипа беше предводена од Стефан Василевски со девет погодоци, седум постигна Андреј Георгиев, а шест додаде Јован Симоновски.
Кај поразениот табор се истакнаа Огнен Тасевски со девет и Иван Костовски со осум погодоци.
Еурофарм Пелистер 2, исто така во спортската сала „Боро Чурлевски“, славеше против Куманово со 37:27 (19:14)
Домаќините беа предводени од Иван Велески и Андреј Дамчевски, двајцата имаа по девет погодоци, а кај Куманово прво име беше Христијан Вујичевски со седум погодоци, еден помалку (6) имаше Мартин Иванов.
Машка младинска лига, 5. коло, резултати:
Алкалоид – Тиквeш 43:33 (19:16)
Бутел – Вардар Неготино 52:26 (24:10)
Еурофарм Пелистер – Вардар 35:32 (13:16)
Еурофарм Пелистер 2 – Куманово 37:27 (19:14)
Следното 6. коло е на програмата на 25 и 26 октомври.
