По откажувањето на Манасков, Лазаров го повика Петар Атанасијевиќ

183

За време на ЕХФ неделата, ракометната репрезентација на Македонија ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Јапонија.

Селекторот Кире Лазаров веќе го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за овие тест дуели. На списокот, по подолго време, се најде и Дејан Манасков. Сепак, искусното лево крило преку социјалните мрежи соопшти дека го одбива повикот поради нарушени односи со селекторот.

Лазаров мораше да направи промена во составот и реши повторно да му укаже доверба на младиот Петар Атанасијевиќ, исто така член на Еурофарм Пелистер. Атанасијевиќ беше меѓу резервистите на списокот.

Македонија и Јапонија ќе одиграат два контролни натпревари, првиот на 31 октомври зад затворени врати, а вториот на 1 ноември во Куманово.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT