Прва победа за кадетите на Преспа, Мулти Есенс славеше во градскиот дуел со Вардар

99

Кадетите на Преспа пред својата публика се израдуваа на првата победа, откако триумфираа против Струга со десет разлика, 28:18 (13:9).

Преспа со остварената победа сега има три бода на свое конто, во претходното 5. коло одигра реми со Македонија Ѓорче Петров, додека Струга останува со два бода.

Избраниците на Сандре Темелковски до посакуваната победа дојдоа со одлична игра во вториот дел, додека во првите 30 минути гостите од Струга парираа, на моменти имаа и предност, но по 25-тата минута работите се сменија во корист на домашниот тим.

Предводник во победничката екипа беше Христијан Андоновски со осум погодоци, пет постигна Благоја Јончевски, а четири додаде Виктор Ѓорѓиевски.

Кај Струга најрасположен беше Валентин Ѓорговски, кој натпреварот го заврши со шест погодоци.

Мулти Есенс забележа победа во градскиот дуел со Вардар, триумфирајќи со 35:26 (18:16) и така го задржа максималниот ефект, шест победи на шест натпревари во досегашниот тек од сезоната.

Јован Петрески беше најефикасен кај домаќините со девет погодоци, додека Тома Симоновски додаде пет. Во редовите на Вардар се истакна Давор Мечкароски со седум погодоци, Борјан Велјановски постигна шест, а Антонијо Трајановски пет.

Кадетска машка лига, 6. коло, резултати:

Група А
Радовиш – Илинден Вардар 18:38 (9:19)
Мулти Есенс – Вардар 35:26 (18:16)
27/10, 17:30, Еурофарм Пелистер 2 – Текстилец
27/10, 18:00, Овче Поле – Младост

Група Б
Пролет – Алкалоид 39:27
Охрид – Прилеп 32:32 (15:14)
Еурофарм Пелистер – Македонија Ѓорче Петров 46:26 (25:13)
Преспа – Струга 28:18 (13:9)

Тимот на Мулти Есенс и Пролет, лидерите во двете групи, засега немаат загубено бод во натпреварувањето.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT