Сефте за битолчанки во Супер лигата

115

Ракометарките на Пелистер на свој терен дојдоа до првата сезонска победа, триумфирајќи над Спартак со 23:18 во натпревар од Супер женската лига.

Составот на Моника Талевска водеше во текот на целиот натпревар, а на полувреме имаше залиха од два гола (11:9). Домаќинот победата ја обезбеди со одличната игра од 35-та до 45-та минута, кога се одлепи на 17:10, по што Спартак се бореше да избегне повисок пораз.

Битолчанки на натпреварот со скопскиот тим беа предводени од Анастасија Тодоровска, која постигна 10 погодоци, додека Даниела Шиниковска запиша 6.

Кај Спартак, стандардно се издвои Зорица Андовска, но нејзините 9 погодоци не беа доволни за поволен резултат на нејзиниот тим.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT