Пионерите на Тиквеш без милост за Шампион

154

Пионерската екипа на Тиквеш ја оствари четвртата победа во сезоната, откако на свој терен одигра како на тренинг против Шампион и триумфираше со убедливи 27:4 во натпревар од 7. коло од пионерската лига.

Кавадарчани на полувреме имаа предност од плус 15 (17:2), па во вториот дел одиграа рутински и се радуваа на третата последователна победа.

Најефикасен во победничкиот табор беше Стефан Ѓорѓиев со шест погодоци, пет постигна Никола Јанчев, а по четири имаа Антониј Паризанов и Марио Ѓорѓиев.

Тиквеш со новиот триумф стигна до осум бода во групата Б, а во следното коло, против Куманово, ќе атакува на петтиот сезонски триумф.

Пионерска машка лига, 7. коло, резултати:

Група А
Динг – Бутел 24:9 (16:2)
Вардар – Пролет 20:20 (11:13)
01/11, 17:00, Струга – Охрид
02/11, 14:00, Еурофарм Пелистер – Прилеп
Мулти Есенс – слоб.

Група Б
Алкалоид – Радовиш 34:13 (16:4)
Тиквеш – Шампион 27:4 (17:2)
Еурофарм Пелистер 2 – Гемиџии 25:11 (14:6)
02/11, 14:00, Младост – Куманово
Македонија Ѓорче Петров – слоб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT