Партизан преку Преспа до четврта сезонска радост

326

Екипата на Партизан од Гевгелија дојде до четвртата победа во прволигашката конкуренција, откако на свој терен славеше над Преспа со 33:29 (16:14).

Гостите од Ресен се покажаа како незгоден ривал, но подолгата клупа на домаќинот и поголемото искуство беа пресудни на денешниот натпревар.

Најефикасен во победничката екипа беше Горан Лисичков со девет погодоци, осум постигна Милан Савов, а Илија Пејковски додаде седум. Кај Преспа се истакна Христијан Ристевски со 14 погодоци.

Прва машка лига, 8. коло, резултати:
Кичево – Текстилец – во тек
Партизан – Преспа 33:29 (16:14)
01/11, 19:00, Овче Поле – Драчево Јуниор
02/11, 19:30, Македонија Ѓорче Петров – Шампион
03/11, 20:00, Младост – Јехона
04/11, 18:30, Вардар Неготино – Аеродром
Мулти Есенс – слоб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT