Еден од претедентите за висок пласман во Првата лига – Металург РА ги промовираше новите засилувања во тимот. Станува збор за Бојан Поповски (Преспа Вардар), Петар Стојановски (Пролет), Кристијан Анѓелковски (Драчево) и повратникот Џулијано Христоски (Голден Арт). Претходно, клубот од Автокоманда за нов тренер го назначи Мартин Бурчевски, кој веднаш воспостави одличен однос со екипата и ќе биде поддршка во тренажниот процес на Печенковски и Кузмановска, а воедно ќе стекне искуство за понатамошни тренерски предизвици.
Металург РА победнички ја започна сезоната во прволигашката конкуренција. Во првото коло од групата А, ракометарите на Бурчевски беа убедливи против Астраион триумфирајќи со 29:14.