Павлов даде 12 гола, Лозаноски и Трајкоски солидни – Аминтас им се врати на победите

94

Македонскиот интернационалец Синиша Павлов имаше одлична партија во дресот на Аминтас, тим предводен од искусниот стратег Адријано Котевски, а во кој настапуваат уште двајца прилепчани – Стефан Лозаноски и Владимир Трајкоски.

Аминтас во натпревар од 8. коло од Втората лига на Грција успеа убедливо да триумфира против Понтиои со 36:29, па така избраниците на Котевски се израдуваа на третата сезонска победа.

Павлов беше нерешлива енигма за гостите и успеа да погоди дури 12 пати, додека Лозаноски и Трајкоски имаа по пет успешни реализации.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT