Овче Поле Славјански Универзитет лесно се справи со Јехона

181

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет во натпревар од 11. коло од прволигашката конкуренција одигра како на тренинг против младиот тим на Јехона, триумфираше со 33:10 (16:7).

Домаќинките многу лесно си ја завршија денешната задача, не се ни испотија многу да дојдат до убедливиот триумф, а гостинскиот тим од Гостивар, кој во својот состав има само неколку играчи над 16 години, беше рамноправен ривал петнаесетина минути.

Најефикасна во победничката екипа беше Анастасија Сентовска со 14 погодоци, а десет имаше Јована Ангеловска. Кај Јехона седум погодоци запиша Алтина Хасани.

Овче Поле Славјански Универзитет во следното коло ќе гостува во Прилеп кај Деспина и ќе атакува на осми сезонски тирумф, додека Јехона е слободна.

Прва женска лига, 11. коло, резултати:
Овче Поле Славјански Универзитет – Јехона 33:10 (16:7)
Ѓорче Петров 2 – Деспина 27:20 (10:9)
11/12, 17:30, Атлетик – Стружанка
Шампион – слоб.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT