Андреј Јакимовски со големо признание – МВП на колото во Еврокупот

40

Андреј Јакимовски продолжува да го привлекува внимание во европската кошарка. Македонскиот репрезентативец, кој настапува за Тренто, доби големо признание, избран е за МВП на 10. коло во Еврокупот по феноменалното издание против француски Бург.

Јакимовски одигра меч за паметење, веројатно најдобриот во неговата професионална кариера. Беше незапирлив во нападот и ја предводеше екипата до победа на тешкото гостување, 91-73.

Македонецот натпреварот го заврши со 30 поени, имаше и седум скокови и импресивен индекс 43. Доминацијата на терен му донесе статус на најкорисен играч на 10. коло, а со тоа и голема чест за македонската кошарка.

Интересен е и податокот дека Јакимовски е само петтиот играч на Тренто што ја освоил оваа награда, а последен пат клубот имал МВП во 2021 година.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT