По 17 кола, Вардар со плус четири пред шампионот – мртва трка за последните две плеј-оф места

198

Со натпреварите меѓу Еурофарм Пелистер – Охрид, односно Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2, беше комплетирано 17. коло во суперлигашката конкуренција.

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, кој пред неколку дена славеше над вечниот ривал Вардар, вечерва на гостувањето во Охрид одигра под своите можности и загуби со 29:25.

За амбициозниот проект од Охрид ова е голема победа, прва во меѓусебните дуели со битолчани, а воедно и прва победа над еден од тимовите од „големата четворка“.

На табелата лидер е Вардар со 32 бода, второпласиран е Еурофарм Пелистер со четири помалку (28), трет е Охрид со 27 бода, исто колку што има и Алкалоид. Овие четири екипи на пролет ќе разигруваат за титулата, а засега останува непознато кои две екипи ќе им се придружат во плеј-офот.

Во моментов, Бутел и Тиквеш, кои имаат по 18 бода, се на добар пат да обезбедат пласман во плеј-оф фазата. Во трката за ТОП 6 се и Прилеп со 16, како и Еурофарм Пелистер 2 со 15 бода. Пролет со 12 бода сè уште има какви-такви шанси за евентуален плеј-оф, додека од поодамна јасно е дека Струга, Куманово и Радовиш ќе се борат за опстанок.

Дел од тимовите сигурно ќе се засилат со неколку играчи во текот на зимскиот период, а кои две еккипи од споменатите четири ќе продолжат во плеј-офот, може да се одлучув дури во последното коло, односно кон крајот на месец март.

До крајот од регуларниот дел остануваат уште пет кола, од кои четири ќе бидат одиграни во новата година. 18. коло е закажано за наредниот викенд, по што следува подолга репрезентативна пауза и подготовка на македонската репрезентација за Европското првенство 2026.

Супер лига, 17. коло, резултати:
Охрид – Еурофарм Пелистер 29:25 (13:11)
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 27:26 (12:15)
Вардар – Радовиш 40:26 (22:13)
Струга – Прилеп 25:33 (14:15)
Пролет – Бутел 23:26 (8:11)
Алкалоид – Куманово 42:25 (20:12)

Табела: Вардар 32, Еурофарм Пелистер 28, Охрид 27, Алкалид 27, Бутел 18, Тиквеш 18, Прилеп 16, Еурофарм Пелистер 2 15, Пролет 12, Струга 6, Куманово 5, Радовиш 0

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT