Еден од тимовите кој е на добар пат да обезбеди пласман во плеј-оф фазата, Тиквеш, во продолжението од сезоната нема да смета на услугите на Јан Тајник.
Словенечкиот ракометар, кој во составот предводен од Кристијан Грчевски пристигна пред стартот на тековната сезона, се враќа во својата татковина, пренесува 24Ракомет.
Кружниот напаѓач во Тиквеш пристигна од францускиот Дижон и во Супер лигата имаше дуели против својот брат Домен, кој го носи дресот на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.
Тиквеш есенскиот дел од натпреварувачката сезона го заврши на петтата позиција со 18 бода на свое конто. Избраниците на Грчевски ќе одиграат уште четири натпревари од регуларниот дел, два против директните ривали за плеј-офот – Прилеп и Бутел, како и два дуели на кои ќе бидат изразити фаворити – Куманово и Радовиш.