Македонија без Митревски и Пешевски против Данска

77

Европската ракометна федерација ги објави официјалните состави на Данска и Македонија за првиот натпревар од Европското првенство 2026.

Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, за дуелот со силната Данска реши да ги изостави двајцата најискусни играчи – Никола Митревски и Жарко Пешевски.

На трибините ќе остане и најмладиот во репрезентацијата – Дамјан Митев.

Данскиот стратег, Николај Јакобсен, пак, ќе може да смета практично на својот најсилен состав за дуелот со нашата репрезентација.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра вечерва во „Јуске Банк Боксен Арена“ во Хернинг со почеток од 20:30 часот.

 

Состав на Македонија: Мартин Томовски, Иван Галевски, Игор Ѓорѓиев, Марко Митев, Мартин Велковски, Никола Маркоски, Филип Кузмановски, Ненад Костески, Самоил Ристевски, Никола Костески, Иван Џонов, Марко Стојковиќ, Михаил Аларов, Петар Атанасијевиќ, Мартин Серафимов и Павле Атанасијевиќ.

 

🎥Македонија на мегдан со Данска (ВО ЖИВО)

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT