Кузмановски: Игравме со срце и душа за Македонија

265

Иако беше аутсајдер, машката репрезентација на Македонија со двете одбрани на Мартин Томовски во последните секунди успеа да остане непоразена од Португалија, 29:29, со што остана во игра за пласман во главната фаза на Европското првенство.

Перфектен меч имаше капитенот Филип Кузмановски, кој успеа да постигне 15 погодоци и заслужено беше прогласен за МВП на натпреварот.

Кузмановски по натпреварот кратко го коментираше нерешениот исход.

„Покажавме срце, покажавме дека се игра со глава и душа за Македонија. Тоа, мислам, беше вербата во текот на сите 60 минути. Ако го повториме овој меч и против Романија, верувам дека можеме да победиме. Мора да влеземе во тој дуел со ладни глави. Сега е тешко да се прават математики, не знам каква е табелата, но наше е да одиграме исто – 60 минути машки меч и да се надеваме на победа.“

За Македонија следува ден одмор, па дуелот со Романците.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе