🎥Последната одбрана на Томовски во ТОП 5 на денот на ЕП!

26

Кога најмногу беше потребно, Македонија имаше човек меѓу стативите. Мартин Томовски се издигна во херој на ремито против Португалија (29-29) во второто коло од Европското првенство, со две клучни одбрани во самата завршница на натпреварот.

Во последната минута, кога Португалците имаа отворен пат до победата, македонскиот голман остана смирен и фати два зицери, со што директно ја сочува нашата селекција од пораз и ѝ донесе огромен бод во борбата за пласман понатаму.

Круна на одличниот настап беше последната одбрана од крилната позиција, која не помина незабележано.

Интервенцијата на Томовски се најде во изборот на најубави одбрани од страна на медиа тимот на ЕХФ и беше прогласена за трета најдобра на четвртиот натпреварувачки ден на континенталниот собир.

Во ТОП 5 одбрани, место имаше и за голманот на Вардар, Милош Валах, како и за Портнер, Јакобсен и Ебнер.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT