Суперлигашот Тиквеш, кој е еден од кандидатите за пласман во плеј-офот, денеска во спортската сала „Јасмин“ тестираше со актуелниот лидер од Првата лига, Младост од Богданци.
Во натпреварот, каде резултатот беше во втор план, тренерите Кристијан Грчевски и Горан Андоновски имаа можност да ја проверат формата на своите избраници, а крајниот исход беше 36:33 за гостите.
Тиквеш во вториот дел од сезоната ќе влезе „ослабен“, откако клубот го напуштија неколку играчи, а засега ново лице во тимот од Квадарци е само кружниот напаѓач Стефан Јовевски од Пролет.
Младост есенскиот дел од прволигашката конкуренција го заврши без ниту еден загубен бод и е на многу добар пат да се врати во елитната конкуренција.