Екипата на Пробаскет од Кавадарци во натпревар од 10. коло од најквалитетното домашно кошаркарско натпреварување славеше убедлива победа на гостувањето во Делчево кај Патриот, 95:45.
Кавадарчанки со освоената гостинска победа се задржаа на 4. позиција на табелата, сега имаат 16 бода, два помалку од лидерот Вардар, кој беше изненаден од МЗТ Бела вода.
Освен во првиот период во кој екипата на Патриот успеа да парира до некој одреден степен, се друго беше на страната на гостинките.
Јовановиќ реализираше двоен ефект од 24 поени и 11 скока, Томас заврши со 19, Петровска имаше 18, а Спасова уште 12 поени во победничкиот тим.
Во поразениот табор, Рашова даде 15, а Ангеловска беше втор стрелец со два поени помалку (13).
Резултати, 10. коло:
МЗТ Бела вода – Вардар 67:51
Спорт тим – Бадел 1862 52:99
Патриот 2016 – Пробаскет 45:95
25.ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА)
16.00: Баскет кам – Крива Паланка