Металург остана без двата дијаманти: Беровиќ и Јанкуловска си заминаа од Автокоманда

424

Македонскиот вицепрвак Металург Автокоманда очигледно во продолжението од сезоната нема да има конкурентен тим во борбата за титулата, ако се суди според „егзодусот“ кој се случува во последниот период во клубот.

Од составот на Јулијана Дамчевска си заминуваат уште две ракометарки. Станува збор за репрезентативките Таида Беровиќ и Марија Јанкуловска – две талентирани ракометарки кои важат за иднината на македонскиот женски ракомет.

17-годишната Беровиќ своите квалитети ги потврди на пријателските натпревари во Турција, на кои Македонија го освои трофејот, како и на Европското кадетско првенство во Црна Гора летоска.

Јанкуловска веќе две години е меѓу најдобрите репрезентативки во ,,црвено-жолтиот дрес”, а во последните четири сезони и меѓу најдобрите играчи во Женската лига. И двете имаа голема улога во освојувањето на второто место на Металург Автокоманда во минатата сезона.

Претходно од редовите на Металург Автокоманда си заминаа и Марија Гугуљанова, Анастасија Николовска, Слободанка Кицеска, Ива Божиноска, Сара Цветановска и Сузана Зечевиќ.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT