По лизгавиот терен, се „сруши“ и кошот во една од нашите реновирани сали

691

Кошаркарите на Куманово синоќа на свој терен загубија од Чаир (72-76) во натпревар што се играше два дена поради проблеми во спортската сала на домашниот тим.

Првиот обид заврши по неполни две минути поради лизгав паркет, вториот почна со решениот проблем, но се појави нов.

На загревањето, играчот на Куманово, Урош Луковиќ, рутински ја заби топката, без никаква агресија, а семафорот за 24 секунди над таблата се распадна.

Следуваше импровизирана акција на одговорните во салата за да не дојде до нов прекин, а апсурдниот цех го плати токму Луковиќ – техничка грешка за нешто што не беше негова вина.

Поради тоа, продолжението стартуваше со слободно фрлање за Чаир, а салата уште еднаш потврди дека реновирањето и функционалноста не секогаш одат заедно.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT