Ана Марија Коларовска ќе се проба во странство

184

Македонската репрезентативка Ана Марија Коларовска во вториот дел од тековната сезона ќе го има својот прв интернационален предизвик.

Довчерашната членка на Металург Автокоманда реши да го следи патот на повеќето ракометарки кои го напуштија клубот поради финансиските проблеми и се договори на соработка со хрватскиот суперлигаш Брод.

Во тимот од Хрватска игра уште една македонска ракометарка, голманката Драгана Петковска. Коларовска на домашната сцена го носеше дресот и на актуелниот шампион Ѓорче Петров, а настапуваше уште за Спартак и Вардар.

Најголемиот успех го постигна токму со Ѓорче Петров, тим со кого освои четири титули во Женската лига, две Куп титули и направи солидни резултати на европска сцена.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT