Сестрите Лашкоски ќе играат за Вардар

Ања и Мила се ќерки на Рубин Лашкоски и Благица Лашкоска, поранешни македонски репрезентативци. Нивниот татко дел од својата кариера ја мина токму во Вардар, клуб со кој настапуваше во Лигата на шампионите и Купот на победниците на куповите.

444

Поранешниот шампион на Македонија, ЖРК Вардар, по вчерашното прво засилување за продолжението од сезоната, денес во својот состав впишува уште две нови имиња, сестрите близначки Лашкоски од Прилеп.

Станува збор за досегашните членови на Металург Автокоманда, Ања и Мила Лашкоски, репрезентативки со извонреден талент и потенцијал, ќе бидат дел од вардаровото семејство.

Ања, која веќе настапи и на кадетското и младинското Европско првенство, покажа зрелост и борбеност што ретко се среќава на таа возраст.

,,Нејзината посветеност и амбиција се доказ дека иднината на македонскиот ракомет минува во црвено-црната колектив”, стои во соопштението на клубот.

Станува збор за лево крило кое одлично игра во два правци. На Европското првенство имаше одличен настап и беше избрана за МВП на натпреварот против Романија, одлична е и во реализација на седмерци.

,,Заедно со нејзината сестра Мила, која исто така е дел од младинските репрезентативни селекции, овие две млади ракометарки претставуваат засилување за сениорската и кадетска екипа на поранешниот македонски шампион”, се вели во соопштението од клубот.

Со нив и вчерашната промоција на Таида Беровиќ, поголем дел од кадетската селекција на Македонија веќе е сконцентрирана во Вардар, што уште еднаш покажува дека раководството на овој клуб сериозно вложува во младинските категории.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT