Островот со под 400.000 жители по 16 години пауза повторно се враќа во ТОП 4 репрезентации

101

Репрезентацијата на Исланд со победата над Словенија од 39:31 во последното коло од главната фаза си обезбеди место во полуфиналето на Европското ракометно првенство.

Исланд последен пат се бореше за медал на Европско првенство во Австрија (2010). Тогаш Исланѓаните стигнаа до полуфинале  и на крајот го освоија бронзениот медал, што воедно е и нивниот последен подиум на едно ЕП.

Најголемиот успех на континенталните собири им е среброто во 2002 година, но 2010 е последниот пат кога беа во директна борба за медал.

Репрезентативците на Исланд доколку победат во полуфиналето, тогаш ќе се борат за златниот медал, а доколку изгубат, ќе атакуваат на бронзата.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT