Репрезентативката Смиљковска ќе го носи „црвено-црниот“ дрес

276

Евгенија Смиљковска е уште едно име кое одлучи да си замине од Автокоманда и да се пресели во редовите на поранешниот македонски шампион, ЖРК Вардар, дознава Спортска Димензија.

По Таида Беровиќ и сестрите Ања и Мила Лашкоски, Смиљковска е најновото засилување на „црвено-црните“.

Станува збор за ракометарка со голем потенцијал, која беше прогласена за МВП на пионерскиот Ф4 минатата година.

Смиљковска беше дел од кадетската репрезентација на Европското првенство во Црна Гора, настапи и на ЕМОФ во Скопје, а се најде и во изборот за настап на Медитеранското првенство во Приштина.

До овој момент, Металург Автокоманда го напуштија 14 ракометарки.

 

 

Сестрите Лашкоски ќе играат за Вардар

 

 

 

Какво засилување доби Вардар: Беровиќ како „полн погодок“ за поранешниот шампион

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT