Еден од најдобрите стрелци во младинската лига, Матеј Петрески, кој зад себе има и сениорско искуство, ќе настапува за Мулти Есенс.
Петрески во редовите на прволигашот од Автокоманда пристигнува од Тиквеш. Станува збор за ракометар кој настапува на позицијата среден бек и покрај добрите напаѓачки квалитети, одлично се снаоѓа и во фазата на одбраната.
Новиот член на Мулти Есенс потекнува од школата на Вардар Неготино, каде што настапуваше и за сениорскиот тим, а зад себе има и настапи во младинските категории на Охрид.
Во првиот дел од сезоната, на 14 одиграни натпревари, постигна 95 погодоци во младинска конкуренција. Неговите одлични партии не поминаа незабележано, па заслужено доби повик во младинската репрезентација и настапи на пријателските дуели против Словачка на последниот репрезентативен собир.
Мулти Есенс есенскиот дел од сезоната го заврши на втората позиција, место кое носи суперлигашки бараж.