Прволигашот Младост подобар од суперлигашот Еурофарм Пелистер 2

288

Лидерот во прволигашката конкуренција, тимот на Младост од Богданци, одлично ги реализира подготовките за вториот дел од тековната сезона.

По победата против Тиквеш во Кавадарци, избраниците на искусниот стратег Горан Андоновски на свој терен славеа и против Еурофарм Пелистер 2 со 33:30 (17:14) на пријателски натпревар.

Со оглед на тоа што клубот од Богданци во подготвителниот период совлада две екипи кои се едни од кандидати за плеј-офот во Супер лигата, јасно е дека Младост има сериозни намери.

Ракометарите на Младост во есенскиот дел не загубија ни бод, а во продолжението ќе бидат посилни и со средниот бек Марио Миланов, кој позади себе има и суперлигашко искуство.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT