Довчерашниот член на суперлигашот Бутел Скопје, Давид Гришикашвили, има нов интернационален предизвик и кариерата ќе ја продолжи во Италија.
Грузискиот репрезентативец потпиша тригодишен договор со Албатрос Сиракуза, а од раководството на клубот очекуваат тој да биде вистинско засилување.
Давид настапува на позицијата лев бек и во Македонија пристигна заедно со својот брат Ѓиорги, кој потпиша за Тиквеш, но исто како и својот брат, реши да ја напушти македонската Супер лига.