Вардарци со победа ја започнаа сезоната во Европа

156

Ракометарите на Вардар во првото коло од Лигата на Европа пред својата публика славеа против Валур со 33:26. Избраниците на Владо Недановски со победата дојдоа со одличната игра во двете полувремина, на пауза имаа 21:15 и не му дозволија на гостинот од Исланд да има било каква надеж за камбек во вториот дел. Најефикасни во редовите на македонскиот вицепрвак беа Вуко Борозан и Марко Срдановиќ, двајцата постигнаа по шест погодоци, а на голот Еспиња имаше 14 интервенции. Вардарци во второто коло ќе гостуваат во Германија кај Мелсунген.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе