Екипата на Јехона победнички си замина од гостувањето од Гевгелија, откако триумфираше над Партизан со 30:29 (10:14) во натпревар од 16. коло од прволигашката конкуренција.
Домаќините имаа предност до 40-та минута, потоа се влезе во игра гол за гол, а искуството на Адис Салиу и на засилувањето Виктор Трифуноски беше пресудно во клучните моменти.
По нерешените 28:28, гостите се одлепија на 30:28, домаќините имаа напад за реми, но не успеаја да погодат, по што следуваше славје на гостинската клупа.
Адис Салиу, кој зад себе има и интернационално исксутво, беше најефикасен на натпреварот со 12 погодоци, а кај Партизан отскокна Илија Пејковски со десет.
Јехона во 17. коло ќе биде домаќин на Вардар Неготино, додека Партизан ќе гостува кај Текстилец.