По настапот на Медитеранското првенство во Приштина, женската пионерска репрезентација на Македонија повторно ќе го тестира својот квалитет, овојпат на турнирот „Трофеј Србија“, кој ќе се одржи во периодот од 5 до 7 март во Лозница.
Селекторот Славиша Димитријески за оваа акција избра 19 ракометарки, дел од нив веќе имаат и сениорско искуство со настапите во домашната Супер лига.
На турнирот, покрај домаќинот Србија и нашата селекција, ќе настапат и селекциите на Австрија и Црна Гора.
Овие контролни дуели се дел од подготовките за квалификациските натпревари за Европското првенство.
