Еурофарм Пелистер го врза „Цар Самоил“ до 2028!

587

Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, ја продолжи соработката со младиот кружен напаѓач Самоил Ристевски, кој во битолскиот тим ќе остане најмалку до 2028 година. Ваквиот потег на клубот од Битола е за секоја почит, бидејќи Ристевски е еден од најталентираните младински репрезентативци на Македонија и еден од најталентираните кружни напаѓачи од поранешна Југославија. Со него треба многу да се работи, да му се дава шанса и низ натпреварите од Лигата на шампионите, со цел да стекне големо искуство за во иднина.

 

*Ристевски има само 18 години и на натпреварот против Фуксе Берлин го имаше своето деби во Лигата на шампионите. Од вториот тим на Еурофарм Пелистер во оваа сезона беше прекомандуван во тимот на Бранко Ангеловски.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе